Поврзете се со нас

Италија

Жоржињо може да се врати во Италија, агентот посочи кои клубови се во игра

Објавено

на

Жоржињо е во последните месеци од договорот со премиерлигашот Арсенал и ако нешто не се промени во следниот период тој како слободен играч ќе може да ја избере наредната дестинација во кариерата.

Една од опциите е да се врати во Италија, земјата во која се промовираше, вивна во фудбалските височини, информација која ја потврди агентот Жоао Сантош кој посочи кои клубови би биле во игра за неговиот потпис.

-Тој најмногу ви му одговарал на Лацио, поради присуството на тренерот Сари кој веќе многу добро ги знае неговите карактеристики. Ама исто така и Јуве кој има одличен спортски директор како Кристијано Џунтоли со кого помина многу години во Наполи.

-Не би го исклучил враќањето во Наполи со новиот тренер Калцона кој порано работеше со Сари. Мислам дека Рома нема да биде веројатна, бидејќи никогаш немало никаков контакт со нив. Кога пак станува за нивната сила и традиција, секој би сакал да игра за Милан и Интер, -порача Сантош за „ТВ Плеј“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни