Поврзете се со нас

Шпанија

Жорди Алба за големата грешка на Барселона: Клубот направи една навистина лоша шега

Објавено

на

Жорди Алба е еден од играчите со најдолг стаж во Барселона и шпанскиот репрезентативец веќе е еден од поискусните играчи во првиот тим, кој за верување е дека ова лето ќе добие еден поинаков изглед по разочарувачкиот крај на сезоната во Примера.

Левиот бек на шпанската фудбалска репрезентација се надева дека Лионел Меси ќе остане во клубот и дека нема да биде направена иста грешка како пред една година, кога според него, клубот несфатливо се откажал од најдобриот напаѓач.

Алба се уште не може да поверува дека претходната гарнитура толку лесно се ослободи од Луис Суарез, а уште полошо според него е тоа што бил подарен во директен ривал кој подоцна ја освои титулата.

– Тоа што го направи клубот беше лоша шега. Суарез беше играч кој ни даде толку многу низ годините, а потоа беше така ослободен. Беше подарен на директен ривал за титулата, кој потоа го освои трофејот во Ла Лига.

– Искрено, мило ми е што Суарез затвори многу усти кои беа отворени, неговата последна сезона во Барселона не беше лесна и добиваше незаслужени критики, – изјави Алба во интервјуто за „Кадена Сер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни