Поврзете се со нас

Шпанија

Жорди Алба добил прашање за 15. титула на Реал во ЛШ, неговиот одговор ги воодушеви фановите на Барса

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Жорди Алба се реши за егзотична авантура во МЛС лигата и му се приклучи на Лео Меси во Интер Мајами, откако на крајот на минатата сезона реши да ја заврши етапата во Барселона.

Дефанзивецот ја заокружи неверојатата авантура во матичниот клуб и за време на својот престој ги освои сите најважни трофеи, па побуден од тоа чувство, не сака да дава никакви коментари за најновиот успех на најголемиот ривал во Шпанија.

По последниот меч на Интер Мајами, Алба добил прашање за 15-та титула на Реал во Лигата на шампионите, а одговорот кој го дал јасно говори дека не е расположен за делење комплименти кон клубот од шпанската престолнина.

– Јас го поминав својот ред во Барселона и имав среќа да ги освојам сите трофеи. Сега ги следам случувањата од дистанца и фокусиран сум на моето ново искуство во Америка.

– Многу сум помирен од тоа што го доживував во Европа, сега сум само фокусиран на овој град, на моето семејство и на нашата среќа. Јас го сакам само најдоброто за Барселона, клубот на мојот живот. Се што не е поврзано за Барселона, не ми е воопшто вредно за коментирање, – изјавил Алба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни