„Жолто-црвен“ пекол: Фановите на Галатасарај со спектакл го острат тимот за градското дерби (Видео)

galata-trening

Галатасарај се подготвува за големото дерби против Фенербахче, а навивачите се потрудија со вистински спектакл да ги „наострат“ своите миленици за пресметката против градскиот ривал.

На денешниот тренинг, фанатичните фанови на Галата подготвија пиротехничко шоу, со што се надеваат дека дополните ќе ги мотивираат фудбалерите кои се борат за шампионската титула во домашното првенство. Галатасарај во моментов е лидер со три бодови повеќе од Бешикташ и Башакшехир и шест бодови повеќе од Фенербахче, но утре од 17 часот го очекува тешкото гостување кај лутиот ривал.

– Го нарекуваат пекол, но за нас е рај. Жолто-црвен рај,  – е еден од коментарите на фановите на Галата за атмосферата на „Турк Телеком“ арената.

Facebook Коментари