Поврзете се со нас

Мото ГП

„Жолтата армија“ разбуди емоции кај Роси: Емотивните сцени го тргонаа Валентино (Видео)

Објавено

на

Во својата претпоследна трка на домашно тло, Валентино Роси не можеше да ги израдува италијанските тифози со добар резултат и освоени бодови на трката за Големата награда на Сан Марино, но тоа не ја поколеба илјадната публика да му даде поддршка и поздрав на својот миленик.

Роси најави дека ги вози последните трки во својата блескава Мото ГП кариера, а оваа денеска во Мизано беше претпоследна во неговата родна земја, пред завршната која ќе ја вози на истата патека „Марко Симончели“ во месец октомври.

„Докторот“ денеска мораше да се задоволи само со 17-то место, но и покрај лошиот резултат, не криеше дека е потресен од емоциите кои ги почувствувал во последниот круг и поздравот по крајот на трката.

– Од една страна, сето ова што ми се случува е многу убаво, многу сум возбуден. Последниот круг беше фантастичен, да ја видам цела таа поддршка.

– Можам само да им се заблагодарам на моите тифози, ме следеа во текот на целата кариера, во тешките моменти ми беа огромна поддршка. Навистина сум трогнат и потресен, но истворемено жалам што не можам да бидам поконкурентен во овие последни трки, – изјави Валентино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни