Поврзете се со нас

Англија

Жоелинтон доби казна за возење под дејство на алкохол, подолг период ќе биде само совозач

Објавено

на

Возењето автомобил под дејство на алкохол беше причината што денеска пред англискиот суд се појави фудбалерот на Њукасл, Жоелинтон.

Бразилецот беше уловен од полицијата додека возел во алкохолизирана состојба, а денеска ја слушна и одлуката на судијата на кого му бил доделен случајот.

Напаѓачот на Њукасл доби парична казна од 31.085 фунти, но она што повеќе ќе му пречи сигурно е забраната за управување автомобил.

Според одлуката, Жоелинтон цела година нема да смее да вози, а тој период ќе биде намален на 9 месеци ако помине низ специјален процес за рехабилитација.

Њукасл досега не сакаше посебно да го казнува својот фудбалер, па тој настапи и на куп дуелот со Саутемптон.

Англиските медиуми потсетуваат дека за време на пандемискиот карантн, Жоелинтон беше казнет со 200 фунти откако го напуштил домот за да оди на бербер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни