Поврзете се со нас

Европски првенства

Жоао Феликс трагичар, Франција закажа полуфинале со Шпанија на ЕП

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Репрезентацијата на Франција се избори за победа над Португалија на пенали во втората денешна средба од четвртфиналната програма на Европското првенство.

Французите и Португалците одиграа лошо прво полувреме, но по паузата двете селекции покажаа дел од својот квалитет, имаше шанси на двете страни, ама одново проблематична беше реализаицијата со што мечот во Хамбург отиде во дополнителни 30 минути во кои одново мируваа мрежите на двајцата голмани.

Ова значеше дека пенал серијата ќе го одлични патникот и ривалот на Шпанија во полуфиналето, серија во која не реализираше само Жоао Феликс кој ја погоди рамката од голот.

Со ова завршува настапот на Португалија, но и на Кристијано Роналдо кој објави дека за него ова е последен европски шампионат.

Полуфиналето меѓу „црвената фурија“ и „галските петли“ е закажано за 9 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни