Поврзете се со нас

Италија

Жоао Феликс силно притискал за трансфер поради својот идол од Милан: Не само што личев на него, туку и сакав да го имитирам (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Жоао Феликс ја заврши својата втора етапа во Челси и си замина на крајот на зимскиот преоден рок, а како што вели самиот, тој силно притискал за да го реализира посакуваниот трансфер во Милан.

Португалскиот фудбалер открива дека имал посебна желба да го облече „црвено-црниот“ дрес на „росонерите“, од една страна поради големината на клубот, но и поради фактот што негов голем идол бил Рикардо Кака.

Феликс неверојатно наликува на Кака и честопати бил споредуван со бразилскиот фудбалер, на кого сега му ја ископира и прославата во Милан.

– Притискав силно за да пристигнам во Милан, сакам да дадам се што поседувам за овој голем клуб. Го познавам тренерот Консеисао и знам дека неговата страст е заразна.

– Победите се клучни за ваков клуб, клуб во кој играле голем број фудбалски ѕвезди. Кака отсекогаш бил мој идол. Не само што наликувам на него, туку како мал се обидував и да ги копирам неговите потези, – открива Феликс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни