Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс се соочува со жестока суспензија откако го навредил судијата на мечот со Билбао

Објавено

на

Младиот фудбалер на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс се соочува со неочекувани проблеми откако вчера заработи црвен картон поради недолично однесување кон главниот судија на натпреварот, Хезус Хил Манцано.

Феликс натпреварот со Билбао кој заврши без победник (0:0) го започна од клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 60. минута на местото на Анхел Кореа. Сепак, по само 18 минути поминати на теренот офанзивецот мораше да го напушти теренот откаок заработи црвен картон.

Првично, Жоао Феликс доби жолт картон од главниот судија поради удар со лакт врз противничкиот играч, но подоцнежната гестикулација кон Мансано го натера искусниот судија да му го покаже патот кон соблекувалната.

Медиумите во Шпанија сега пренесуваат дека Жоао Феликс отишол дотаму што му кажал на Мансано дека е луд, нешто што воопшто не се толерира во Ла Лига.

Токму затоа од шпанската лига сериозно размислуваат за драстична казна од 12 натпревари за фудбалерот кој ќе мора да повнимава на своето однесување во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни