Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс се огласи по најавите дека ќе си оди од Атлетико Мадрид

Објавено

на

Шпанските медиуми веќе извесен период шпекулираат дека португалскиот фудбалер од редовите на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс би можел да си оди од клубот ова лето.

Наводно, од шпанскиот клуб не биле задоволни од тоа што го прикажувал скапо платениот Феликс, па се решиле да го продадат.

Сепак, ваквите написи ги негираше самиот фудбалер, Жоао Феликс кој во интервју за португалските медиуми истакна дека негово заминување од Атлетико Мадрид не е во опција ова лето.

– Фокусиран сум само на Атлетико Мадрид. Смирен сум за мојата иднина, знам што можам да направам и токму затоа сум мирен, -изјави Феликс за португалски „О Јого“.

22 годишниот фудбалер во сезоната што измина на 34 натпревари во дресот на Атлетико Мадрид постигна десет погодоци и запиша шест асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни