Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс: Сакам да останам во Барселона, но…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Жоао Феликс ја мина изминатава 2023/2024 во редовите на Барселона и тоа како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Тој не се прослави и на 44 натпревари постигна 10 голови со 6 асистенции, придонес кој не помогна клубот да дојде до позначаен резултат. Меѓутоа и покрај се Барселона размислува да го задвржи, ама под нивни услови што во случајов би значело нова позајмица.

Засега ништо не е чисто на тамета, но самиот играч порача дека би сакал да остане ако тоа е возможно.

-Јас сум на позајмица, тоа не зависи од мене. Мојот план е јасен, ја сакам Барселона и сакам да останам. Зависи од неколку фактори, па да видиме што ќе се случи, -порача Жоао кој има активен договор со Атлетико до 2029 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни