Шпанија
Жоао Феликс: Не сум сакан во Шпанија поради изјавата која ја дадов за Барселона

Жоао Феликс успеа да направи трансфер на крајот од преодниот рок и во последниот ден го комплетираше заминувањето во Барселона, клуб за кој сонуваше да заигра уште во времето кога се уште важеше за голем талент на Бенфика.
Португалецот не успеа да се снајде во Атлетико Мадрид и не изгради добар однос со тренерот Чоло Симеоне, па сега во својата нова авантура ќе бара остварување на сите желби кои ги има како професионален фудбалер.
Феликс вчера постигна фантастичен гол против Луксембург и имаше придонесе во историската победа од 9:0, по што даде ексклузивно интервју за каталонскиот весник „Спорт“.
– Се чувствувам се подобро и се наоѓам во се подобра форма. Едвај чекам да се вратам во Барселона и да почнам силно да тренирам и да се наметнувам. Сакам да му помогнам на тимот во остварување на сите цели.
– Изненаден сум од љубовта која ми ја покажуваат навивачите на Барселона, изгледа како да сум сакан само тука во Шпанија. Јас отсекогаш велев дека сакам да играм за Барса и најверојатно поради тоа не сум сакан во Шпанија, – изјави Феликс.
-
Италијапред 18 часа
Вучиниќ го „закачи“ Алегри: Кога си во Јувентус…
-
Италијапред 23 часа
Касано го нападна Леао и го спореди со пропадната ѕвезда на Јунајтед: Нзола постигна повеќе голови од него
-
Англијапред 6 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 5 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 18 часа
Покетино: Ова ни е единствената шанса за трофеј во оваа сезона
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти за стратегот кој се најавува како негов наследник во Реал: Му посакувам…
-
Шпанијапред 5 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти претпазлив со возбудливото летно засилување: Има талент, но треба да се вклопи во тимот