Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс и Рафиња режираа атрактивен погодок, Барселона дојде до 20. сезонска победа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Фудбалерите на Барселона дојдоа до посакуваните три бода во соочувањето со Лас Палмас во завршната средба од денешната програма во шпанската Примера.

Каталонците славеа со 1-0 и со тоа дојдоа на минус пет во однос на лидерот Реал Мадрид кој утре го пречекува Атлетик Билбао. Домаќините во првото полувреме постигнаа гол преку Рафиња, но истиот беше поништен поради офсајд, одлука која беше дискутабилна и за која сигурно ќе има коментари во наредниве денови.

Потоа гостите останаа без голманот Алваро Валес поради старт над Рафиња надвор од казнениот простор. Домашните играчи притискаа, се обидуваа да го матираат противникот и тоа им успеа во 59 минута кога нововлезениот Жоао Феликс мајсторски го пронајде Рафиња кој со удар со глава донесе радост за своите играчи и секако навивачите присутни на стадионот.

Во 78 минута Феликс не реализираше зицер и тоа можеше скапо да ја чини Барса затоа што во 86 минута Молеро беше многу блиску до 1-1.

Жолти картони кај актуелниот првак добија Мартинез, Левандовски и Кансело, санкции кои значат дека ќе мора да го пропуштат наредното коло со Кадиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни