Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс го испровоцира судијата Манцано па си доби црвен картон (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид денеска освои само бод на дуелот со Атлетик Билбао, а една од причините е црвениот картон кој го заработи Жоао Феликс.

Португалецот влезе во игра во 60. минута, а неполни дваесет минути подоцна мораше да замине во соблекувалната.

Феликс доби жолт картон поради удар со лакт кон противнички играч, а неколку секунди подоцна доби и втор жолт, односно црвен картон.

Причина беше неговата гестикулација кон судијата Хезус Хил Мансано, кој реши да не го игнорира потегот и го остави Атлетико со играч помалку на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни