Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс даде мајсторски гол за победа на Барселона, па испрати порака до критичарите (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона успеа да слави на тешкото гостување во Севилја кај Бетис, односно на теренот каде ниту една друга екипа не замина со целиот плен во текот на оваа сезона.

Каталонците водеа со 2-0, потоа дозволија противникот лесно да се врати и израмни на 2-2 за да завршницата одново му припадне на актуелниот шпански првак кој со нови два гола дојде до 4-2 и три значајни бода. Третиот гол беше мајсторија на Жоао Феликс со удар со надворешна по асистенцијата на Торес, па токму Португалецот им испрати порака на критичарите и оние кои зборуваат за него во изминатиод период.

-Навикнат сум луѓето да зборуваат за мене. Кога играм и кога не, некој секогаш кажува нешто, но не ми е гајле. Јас сум сигурен во себе и кога сум на теренот се трудам да дадам се од себе. По многу години за истата работа, најдоброто е да не гледате или слушате, -порача Феликс кој актуелнава кампања ја игра како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни