Животот пишува чудни приказни: Го сметаа за поголем талент од Роналдо, а тој сега ќе заврши во затвор…

fabiopaim

Кога во 2003 година Кристијано роналдо потпиша со Манчестер Јунајтед, во првите изјави што ги даде за медиумите на Островот го споман и името на тогаш непознатиот талент, Фабио Паим.

Роналдо тогаш изјави дека ако луѓето мислат за него дека е добар фудбалер, мора да почекаат неколку години за да го видат Паим.

– Ако мислите дека јас сум добар, само почекајте додека не го видите Фабио Паин, -изјави во една прилика РОналдо.

16 години откако неговото име го дозна целата фудбалска нација, Фабио Паим повторно е во светските медиуми. Сепак, сега не поради некој добар потег или погодок, туку поради сторен криминал.

Сега 31 годишниот Фабио Паим е уапсен од португалската полиција поради поседување на 12 грама кокаин. Тој и уште едно 43 годишно женско лице се наоѓаат во притвор во Португалија и ги очекува казна затвор од три до пет години.

Инаку, Паим потекнува од академијата на Спортинг Лисабон од каде во 2008 реализираше трансфер од соништата во Челси. Сепак по само шест месеци се врати во Лисабон и од тогаш неговата кариера доби неочекуван пад.

Играше во тимови од Малта, Ангола, Катар, Литванија и Луксембург, а последен негов клуб е Сао Педро Кова, член на третото по ранг натпреварување во Португалија.

Facebook Коментари