Поврзете се со нас

НБА

Животна лекција: Шек одбил 40 милиони долари од „Рибок“ поради навреди од повозрасна госпоѓа

Објавено

на

Шекил О’Нил е вистински пример за успешен спортист и по крајот на професионалната кариера, бидејќи легендарниот центар води неколку одлични бизниси и дополнително го зголемува богатството кое го стекна како вистинска НБА ѕвезда.

О’Нил околу свото опкружување е познат и како голем хуманитарец кој знае да им помага на бездомници и луѓе кои се молат за парче леб во текот на денот, но и самиот тој признава дека сето ова не дошло само по себе, бидејќи добил неколку животни лекции, од кои една од повозрасна госпоѓа која воопшто не ја познавал.

Иако има стекнато огромно богатство, Шек вели дека парите не му значат се на светот, бидејќи во текот на играчката кариера, се откажал од важен договор со „Рибок“ кој му обезбедувал 40 милиони долари.

– Имав договор со „Рибок“ за 40 милиони долари за пет години. Тоа беше убав договор, но еден ден излегував од салата и една повозрасна госпоѓа почна да ме напаѓа и навредува. „Од такви како тебе, малите деца немаат пари за такви скапи патики“. Ми порача дека скапите договори прават патиките да бидат недостижни за сите.

– Се замислив и таа беше во право. Истиот ден го раскинав договорот со „Рибок“ и се откажав од парите. Им се јавив и им порачав да си ги чуваат парите, дека цел тој круг не е во ред. Ги носев нивните патики уште таа сезона, а потоа основав свој бред, оттаму дојде идејата за Шек брендот. Таа госпоѓа ми одржа лекција, – признава Шек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни