Поврзете се со нас

Италија

Жиру за „трансферот“ во Јувентус: Добив пораки од пријатели…

Објавено

на

Италијанскиот шампион Јувентус е во потрага во нов напаѓач кој ќе биде замена за Гонзало Игуаин во Торино.

Желба на „бјанконерите“ е да донесат добар, квалитетет, проверен стрелец, па во изминатиов период многу имиња се поврзуваат со нив како Аркадиуш Милик, Единсон Кавани, Алваро Мората, Луис Суарез… за да во изминаитве денови излезе вест и за Оливие Жиру кој дури наводно веќе и се договорил со Јувентус.

Жиру има сериозна конкуренција во Челси и прашање е колку шанса ќе добие од Лампард, меѓутоа корпулетниот напаѓач нема намера да си оди од „Стемфорд Бриџ“.

-Италијанци, тие брзо се занесуваат. Бев изненаден кога утрово добив пораки од пријатели кои ми раскажуваа за оваа гласина. Тоа е далеку од тоа да биде случај. Јас сум играч на Челси и овде добро се чувствувам. Немам добар крај на минатата сезона и не сакам така да си заминам. Ќе се борам за моето место.

-Но, секогаш е добро да се привлече вниманието на вакви клубови, тоа е ласкаво. Но, јас останувам фокусиран на Челси. Ќе видиме што ќе се случи во следните недели. Ама нема ништо потпишано или направено. Нема потреба тоа да го негирам, -истакна Оливие за „Телефут“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни