Поврзете се со нас

Италија

Жиру за главната сила на Милан: Многу се комплетни, нема такви тимови во Европа и светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Оливие Жиру со своите настапи ги испиша своето име во историјата на калчолигашот Милан со кого ја заврши соработката по крајот на минатата сезона.

Тој сега е во САД, но и понатаму го прати клубот од Милано со кого го прославил и неодамнешниот триумф над Интер во Серија А.

-Како може да го пропуштам? По натпреварот остварив видео повик со момците во соблекувалната и заедно славевме. Му реков на мојот пријател Армандо Скиака, фитнес тренерот: „Подготвен сум да разговарам со момците; ајде да го направиме тоа.“ Беше многу убаво.

-Клубот спроведе одличен преоден рок. Прецизни засилувања и некои веќе имаа одличен старт, како Пулишиќ. Ќе дознаеме повеќе за еден месец. Ако Милан се уште е на првите места и разликата меѓу тимовите е минимална, можам да видам сличности со моето Скудето, -рече Жиру кој посочи која е главната сила на „црвено-црните“ во актуелнава кампања.

-Нападот. Мората, Ејбрахам, Рафа, Пулишиќ, Јовиќ, Окафор, Чукуезе. Колку ги има? Седум? Не знам дали има тимови во Италија и Европа кои се толку комплетни, -смета Французинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни