Поврзете се со нас

Италија

Жиру влезе и веднаш погоди на дебито за Милан, Јувентус го освои трофејот „Берлускони“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Францускиот репрезентативец, Оливие Жиру го постигна првиот гол во новата клупска средина во дресот на Милан.

Жиру доби шанса во второто полувреме на дуелот против Ница и за кратко време успеаа да се запише во листата на стрелци. Имено по само пет минути откако влезе во игра се најде на вистинското место и со удар со глава израмни на 1-1, резултат кој се покажа како конечен на „Алијанц Ривиера“.

Уште еден италијански клуб играше пријателска вечерва и тоа е Јувентус кој славеше над Монца со 2-1 и го освои трофејот „Берлускони“.

Ранокија мајсторски погоди за 1-0, Кулушевски на стартот на вториот дел го зголеми водството за да во самиот финиш домаќините дадат почесен погодок преку Д’Алесандро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни