Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Жиру со страшна акробација ги матираше Облак и Атлетико, Баерн ги искористи почетничките грешки на Лацио (Видео)

Објавено

на

Поради Ковид протоколите, Атлетико Мадрид не можеше да го пречека Челси на „Ванда Метрополитано“, па вечерашниот „домашен меч“ во Букурешт не се покажа како добра солуција за тимот на Диего Симеоне кој по променливите и лоши резултати во домашното првенство, потфрли и во Лигата на шампионите.

Лидерот во Примера ќе мора да брка негатива на реванш осминафиналето во Лондон, откако Челси оствари голема победа од минимални 0:1 на средбата која се играше во Букурешт, на која реално гледано покажа за нијанса подобра и поинвентивна игра.

Како одлучувачки момент се покажа новото ремек-дело на Оливие Жиру во најелитното натпреварување, напаѓач кој по блесокот против Севилја во групната фаза, сега го нокаутираше и тимот од шпанската престолнина. Французинот изведе акробација и со „ножички“ му даде гол на фантастичниот Облак, погодок кој пристигна во 68-та минута и кој се покажа како одлучувачки за конечни 0:1.

На вториот меч кој се играше во Италија, Баерн Минхен имаше навистина лесна задача, пред се поради катастрофалните грешки во потесната одбрана на Лацио. Левандовски погоди за 0:1, Мусиала за 0:2, а потоа следеа два аматерски кикса.

Лукас Леива и Патрик подарија гол за 0:3, а Ачерби си постигна автогол на стартот на вториот дел за 0:4. Кореа успеа да намали на 1:4 доста брзо, по што Баерн реши значително да го забави темпото и одработи на теренот за конечни 1:4 со кои има огромна предност пред реваншот во Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни