Поврзете се со нас

Европски првенства

Жиру: Сметајте на мене, дедото не е мртов!

Објавено

на

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру има намера да продолжи да го носи дресот на француската репрезентација и во иднина.

Жиру имаше мала улога во Челси во изминатава сезона, ама без разлика на тоа селекторот Дидие Дешамп го повика во националниот тим за Европското првенство. Тој на овој шампионат не е ниту стартер, односно пред него шанса добива повратникот Карим Бензема, па се појавија информации дека токму актуелниот турнир ќе биде последен за Оливие во дрес на „галските петли“.

-Не сум готов, далеку од тоа. Сметајте на мене, дедото не е мртов. Имам скоро 35 години, ама сум гладен како 20-годишник, -одговори пак Жиру на вестите кои се појавија.

-Франција има прилично неверојатна напаѓачка сила, но имам карти за играње затоа што нема други играчи со мојот профил. Тука сум да одговорам и да донесам што сакам. Знам како да го направам тоа со тимот. Имам желба и ако младите сакаат да ме тргнат, ќе мора да бидат подготвени за тоа, -дополни некогашниот голгетер на Арсенал.

Жиру од 2011 година е француски репрезентативец и со вкупно 44 гола е втор на вечната листа на стрелци зад легендарниот Тјери Анри (51).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни