Поврзете се со нас

Италија

Жиру најави уште едно збогување, јасно ги потенцирал идните приоритети

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Оливие Жиру веќе ги потврди шпекулациите дека го напушта Милан по крајот на сезоната и следната сезона ќе игра во Северна Америка.

Французинот не ја одбил понудата на Лос Анџелес и директорот Џорџо Кјелини, па сигурно ќе донесе сериозно искуство и голови за тимот од МЛС.

Жиру денеска ја надополнил информацијата за неговите повлекувања, со фактот дека Европското првенство во Германија ќе му биде посебна авантура со националниот тим.

Идниот напаѓач на Ел-Еј е најдобар голгетер во историјата на францускиот национален тим, со досега постигнати 57 голови на 131 натпревар.

Негов најголем успех со „триколорите“ му е триумфот на Светското првенство во 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни