Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Жиру: Му порачав на Мејсон Маунт дека тој ќе биде виновен доколку не го признаат голот (Видео)

Објавено

на

Оливиер Жиру уште еднаш ја покажа својата класа на највисока можна фудбалска сцена, режирајќи спектакуларни „ножички“ на пресметката меѓу Атлетико Мадриди Челси која се играше во Букурешт.

Англискиот премиерлигаш победи со минимални 0:1 благодарение на страшната акробација која ја изведе искусниот Французин во 68-та минута, погодок кој мораше да биде прегледуван и од страна на ВАР без оглед на убавината и ефектната завршница. Жиру првично беше во офсајд, но топката ја допре стоперот на Атлетико (Хермосо), па така недозволената ситуација не се активираше и голот остана регуларен.

Французинот стана најкоментиран играч од оваа дерби пресметка во Лигата на шампионите, а додека сите му се воодушевуваа, тој излезе со интересен коментар за првиот дел од акцијата кога му попречи еден од неговите соиграчи.

– Мора да признаам дека имав доста среќа, нивниот дефанзивец ја допре топката, а јас бев евидентно во офсајд. Му реков на Мејсон Маунт дека ќе бидам лут на него и дека тој ќе биде виновен доколку не ме наградат со гол. Тој ја допре топката и ми посмета во првиот дел од акцијата по центаршутот на Алонсо, јас ќе останев сам пред голот и се ќе беше полесно, – со насмевка порача Жиру и додаде.

– Сепак, не се жалам и вака, голот беше фантастичен и што е уште поважно, излезе дека е регуларен. Мислам дека бевме подобар тим, заслуживме да победиме. Имавме посед на топката и бевме поопасни од противникот, – додаде Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни