Поврзете се со нас

Свет

Жиру ќе одигра уште два натпревари за Милан, но веќе позираше со обележјата од новиот клуб (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Оливие Жиру реши да стави крај на едно поглавје во својата кариера и за првпат ќе игра надвор од Европа, или поточно во американсата МЛС Лига.

Многу големи ѕвезди во последно време ја бираат Америка како идеално место за завршување на кариерата, па откако тоа го направија Герет Бејл и Џорџо Кјелини, за истиот чекор се реши и Оливие Жиру.

Откако им се заблагодари на сите во Милан и остана горд на сето она што го направи за клубот, Жиру најави дека се сели во МЛС лигата, а денеска со објава се јави и неговиот нов клуб.

Жиру у дефинитивно ќе игра во Лос Анџелес, клуб за кој стави потпис на едногодишен договор, со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.

– Пресреќен сум што се приклучувам на Лос Анџелес. Едвај чекам да пристигнам во Лос Анџелес и да заиграм пред френетичните фанови на овој клуб, – изјави Жиру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни