Светски првенства
Жиру искрен: Дешамп ме изненади во финалето, немав време лично да се збогувам со Бензема

Патот на Франција на Светското првенство во Катар беше извонреден и добар до самото финале, кое на крајот се претвори во лоша ноќ за „триколорите“ кои до последен момент имаа шанса да ја одбранат титулата освоена во Русија.
Момците на Дидие Дешамп уште еднаш покажаа дека се создадени за најважните натпревари на турнирски концепт, но во големото финале излегоа како губитници во пенал рулетот и светскиот трон им го предадоа на колегите од Аргентина.
Еден месец по случувањата во Катар, Жиру направи ексклузивно интервју за „Канал Футбол“, во кое искрено проговори и за големото разочарување кој тој лично го доживеа на мечот со Аргентина. Искусниот напаѓач беше повлечен од игра уште во 40-та минута, кога Дидие Дешамп реши тактички да менува по негативата од 2:0.
– Светското првенство беше добро за нас се до големото финале. Ќе бидам искрен. Бев разочаран и изненаден што излегов рано во финалето, претпоставувам дека тоа беше тактички потег на Дешамп. Излегувањето во 40-та минута ми донесе многу измешани емоции, но јас до самиот крај ги бодрев моите соиграчи од клупата, – вели Жиру, кој во интервјуто се осврнува и на најчувствителната тема од турнирот, заминување на Карим Бензема.
– Јасно е, ако се беше во ред, Карим ќе беше прв избор, а јас негова замена. Неговото отсуство беше тежок удар, но тоа не го расипа доброто расположение во групата. Не можев да се збогувам со него, не добив шанса, но му испратив СМС порака и му порачав дека ми е жал за повредата. Јас профитирав од неговата повреда, но тоа не значи дека бев среќен што тој не е тука, – потенцира Жиру.
-
Англијапред 18 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 22 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 24 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час