Италија
Жиру и Пулишич обезбедија сигурна победа за Милан (Видео)

Милан тргна онака како што посакува во новата натпреварувачка сезона во Серија А, бидејќи реновираниот тим на Стефано Пиоли позитивно одговори на првиот тест и лесно славеше на „Ренато Далара“.
„Росонерите“ со видно изменет изглед ја почнаа новата кампања и некои други играчи ќе треба да ја преземат главната улога во играта на тимот, каков што е случајот со Кристијан Пулишич кој постигна мајсторски гол на дебито.
Американскиот репрезентативец имаше деби од соништата во Калчото и постигна мајсторски гол за водство од 0:2 против Болоња, тим кој претходно веќе беше „начнат“ од Оливие Жиру.
Францускиот ветеран продолжи онаму кадешто застана минатата сезона и повторно ја покажа својата класа во шеснаесетникот, па овие два моменти беа доволни за лесна и сигурна победа.
Милан го контролираше противникот во текот на сите 90 минути и во вториот дел рутински го приведе мечот до крај, а Рафаел Леао за малку ќе постигнеше гол за 0:3, но ја погоди само стативата.
Giroud bıraktığı yerden! 🔥 pic.twitter.com/Pb6gArreCH
— S Sport Plus (@ssportplustr) August 21, 2023
Pulisic, Serie A'ya çok hızlı başladı! 🎯 pic.twitter.com/TkfP9BtvRN
— S Sport Plus (@ssportplustr) August 21, 2023
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)