Жиру го исполни ветувањето и го промени својот изглед (Фото)

ziru-bozica

Оливие Жиру не постигна ниту еден гол на мундијалот во Русија, но сепак од тактичка гледна точка имаше огромна улога во играта на Франција, особено поради тоа што со својот стил на игра им оставаше голем простор на супербрзите Мбапе и Гризман.

Дидие Дешамп ниту еднаш не го изостави Жиру од старната постава и самиот во неколку наврати порача дека корпулентниот напаѓач е многу важен за неговиот систем, а сега напаѓачот на Челси е првиот кој го исполни ветувањето откако стана светски шампион.

Жиру вети дека значително ќе го промени изгледот и дека ќе ја скрати својата коса, а доказ дека си стои на ветувањето испрати преку социјалните мрежи.

Facebook Коментари