Поврзете се со нас

Франција

Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Француската фудбалска репрезентација ќе го отвори новиот квалификациски циклус со освежен состав, а веќе неколку месеци наназад е јасно дека во него нема да биде Карим Бензема.

Напаѓачот на Реал Мадрид веќе не сака да соработува со Дидие Дешамп, ситуација која беше иницирана со одлуките на селекторот за време на СП во Катар.

Искусниот Оливие Жиру морал да ја коментира ситуацијата пред новинарите, истакнувајќи го жалењето за начинот на кој Бензема ја завршил репрезентативната кариера.

– Тажно е што ситуацијата заврши на таков начин.

– Сепак, тоа е негово лично решение и не можам да го спорам, сите знаеме дека направи многу за француската репрезентација.

– Јас би преферирал поинаков крај, но можеби Карим бил сигурен дека неговото време во националниот тим истекло. Не сакам да го коментирам неговиот спор со Дешамп, но ќе кажам дека на сите ни беше жал што го пропушти мундијалот поради повреда, – изјавил Жиру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни