Италија
Жиру: Донесов правилна одлука, добро е што не отидов во Јувентус

Оливие Журу од оваа сезона е член на калчолигашот Милан каде има своја улога во добрите резултати на екипата на домашната сцена.
Французинот подолго време се поврзуваше со преселба во Италија или поточно едно време беше многу блуску до трансфер во Јувентус, но на крајот остана во Челси и не згреши со оглед на тоа што направи клубот од „Стемфорд Бриџ“.
-Избрав да останам затоа што сакав да играм на моите карти. Со оглед на тоа како заврши сезоната, ја донесов вистинската одлука, -вели Жиру кој е изненаден од послабите реултати на Јуве во актуелнава кампања и тоа што е далеку од самиот врв, борбата за пехарот.
-Тие немаа добар почеток, но тоа не значи дека не се силни. Признавам мислев дека ќе бидат во трка за титулата. Без разлика на заминувањето на Роналдо, тие имаат талентиран тим. Нивниот офанзивен плејмејкер Пауло Дибала е клучен играч и шампион.
-Јувентус се уште е меѓу најдобрите клубови во Италија, тие се во добар момент и мора да се соочиме со нив на најдобар начин. Тие се искусни и би било грешка да ги потцениме, -додаде ветеранот кој на прашањето дали Милан може да дојде до Скудетото одговори:
-Втората половина само што започна. Не треба да бидеме загрижени за табелата. Мораме да се фокусираме на еден натпревар. Ја знам вредноста на оваа група и сигурен сум дека ќе останеме блиску до Интер и во трката до крајот, -заврши искусниот ас.
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)