Поврзете се со нас

Светски првенства

Жиру: Делува застрашувачки што не сме го ни виделе најдоброто од Мбапе

Објавено

на

Оливие Жиру ќе биде голема закана за англиската репрезентација во претстојното четвртфинале на СП во Катар, но тој потсетува и на квалитетите на својот соиграч Килијан Мбапе.

На последниот брифинг со новинарите, искусниот напаѓач најавил дека фановите допрва ќе уживаат во најдоброто од Мбапе.

– Килијан е еден од најдобрите фудбалери со кои имам играно.

– Она што е застрашувачко е што се уште има простор за напредок, а мора да се истакне и неговата ефективна игра и на ова првенство.

– Се работи за најдобриот напаѓач со кого сум играл, а најдоброто од него допрва доаѓа. Сигурен сум дека ќе собори многу рекорди, – изјавил Жиру.

На ова СП, Мбапе веќе има ефект од 5 гола и 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни