Поврзете се со нас

Англија

Жиру даде искрена изјава за освоениот трофеј во финалето против Арсенал

Објавено

на

Оливие Жиру успеа комплетно да ја промени својата ситуација во Челси, па во период од само неколку месеци од отпишан играч на Лампаред, се претвори во ударна игла во нападот на „лондонските сини“.

Поради тоа, Челси одлучи автоматски да ја вклучи клаузулата и му го продолжи договорот и за наредната сезона, одлука која секако го израдува и искусниот француски напаѓач кој е во трка за настап на Европското првенство кое ќе се игра догодина.

Жиру ја игра третата сезона во Челси и јасно е дека најголем негов успех во Лондон беше освоената титула во Лига Европа на крајот на минатата сезона, успех кој имаше посебна сласт за Французинот бидејќи истиот го оствари против поранешниот клуб.

Челси го надигра Арсенал во големото финале во Баку со 4:1, а резултатот го отвори токму Жиру кој немаше проблем да слави против клубот во кој мина шест години.

– Финалето против Арсенал беше навистина специјален момент, но мора да кажам дека тоа беше екста мотивација за мене. Бев екстра мотивиран пред натпреварот, сакав да му докажам на Арсенал дека имав енергија за уште неколку години, – порачува Жиру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни