Поврзете се со нас

Свет

Жињак се мести да игра и на наредните ОИ, издвои двајца играчи со кои сака да заигра

Објавено

на

Ветеранот Андре-Пјер Жињак имаше одличен настап на ЛОИ во Токио, но неговите четири гола на трите меча не беа доволни за Франција да обезбеди пласман во нокаут фазата на овој турнир.

Членот на Тигрес покажа дека е во одлична форма, а на овој предизвик гледа со позитивни очи иако со сонародниците не успеаа да го направат она што посакуваа.

-Беше одлична авантура, но кога чекорот е превисок, тој е превисок. Пред натпреварот против Јапонија, верувавме. Мислев дека можеме да го сториме тоа, но кога ќе видите дека нивниот тим е поставен, тоа е комплицирано.

-Кога ќе примите единаесет гола на три натпревари, тоа е премногу тешко, -вели Жињак кој се надева дека ќе биде во олимпиксиот тим на Франција за игрите во 2024 година заедно со Антоан Гризман и Килијан Мбапе.

-Ќе играм до 40 години. Го гледам Антоан кој постојано е зад Франција на Твитер, тој е добро позициониран за место. Килијан рече дека сака да учествува, ќе видиме. Кој ќе биде третиот, -рече Жињак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни