Поврзете се со нас

Македонија

ЖФК Љуботен се пофали со најзвучното засилување во историјата на женскиот фудбал во Македонија (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ingrid21vidal

ЖФК Љуботен е убедливо најдобар македонски колектив во женска конкуренција, а тоа сега го покажува и со последната активноста која ја комплетираше на трансфер пазарот.

Клубот од Тетово се пофали преку социјалните мрежи дека реализирал трансфер кој е најдобар во историјата на женскиот фудбал во Македонија, бидејќи во Љуботен пристигнува фудбалерка која има играно на Светско првенство и на Олимписки игри.

– Најновото засилување на шампионот е колумбиската репрезентативка Ингрид Видал, која ни доаѓа на позајмица од Америка де Кали, една од трите најдобри екипи во Колумбија!

– Ингрид во своето портфолио има репрезентативни настапи на Светско првенство, Олимписки игри, Пан американски игри, како и клупските во женската Либертадорес. Најдобар стрелец во колумбиското првенство, 54 репрезентативни настапи за Колумбија и 11 голови се само дел од биографијата на Ингрид!

– Со Ингрид нападот станува супер силен и вистинска опасност за сите, не само во домашното првенство туку и во престојните настапи во лигата на шампионите!
Ингрид Видал неспорно ќе биде најзвучното и најквалитетното име кое досега има настапувано во Македонија, како според квалитетот така и според нејзината биографија! Сите ние се надеваме дека овие квалитети ќе ги прикаже на настапите за ЖФК Љуботен!, – гласи објавата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни