ЖФК Истатов со двојна круна, во Купот подобри од Тиверија

zfk-istatov

Женскиот фудбалски клуб Истатов ја освои и Куп титулата во Македонија, откако пред само неколку денови и се радуваше и на титулата во домашното првенство.

Во финалето кое се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, ЖФК Истатов оствари победа над ЖФК Тиверија со 4:2, додека по првиот дел имаше предност од 3:2.

Ова беше прва титула за ЖФК Истатов во историјата на Купот на Македонија, идентично историска беше и титулата во домашното првенство. Предводник на тимот од Дојран е селекторот на А репрезентацијата, која е во мирување, Кирил Изов.

Тимот на ЖФК Истатов ќе ја претставува Македонија и во квалификациите за Лигата на Шампионите во женска конкуренција.

Facebook Коментари