Англија
Жезус постигна два гола после точно шест месеци, Арсенал со идентични 4:1 му одговори на Сити (Видео)

Габриел Жезус последниот гол во Арсенал го постигна на 1-ви октомври во дербито со Тотенхем, а точно шест месеци подоцна, Бразилецот стави крај на лошиот период кој го остава зад себе.
Напаѓачот кој одлично отвори во новата средина заработи тешка повреда на Светското првенство, по што мораше да направи долга пауза и да се фокусира на рехабилитацијата на коленото.
Арсенал успеа да ја одржи предноста на табелата и без него, а денеска како стартер, Жезус погоди после шест месеци и ја најави убедливата победа на „топчиите“ против Лидс.
Најпрво сам се избори за пенал и ја презема одговорноста за водство на фаворитот, но потоа погоди и во вториот дел по едно одлично проигрување од Тросар.
Пред вториот гол на Жезус, Вајт веќе стрелаше за 2:0, а предноста од три гола разлика во 55-та минута јасно стави до знаење дека бодовите остануваат во Лондон.
Лидс успеа да постигне почесен гол преку Кристенсен, но Гранит Џака постигна четврти гол во мрежата на гостите и одговори на Сити со иста мера, односно со истиот резултат како што тие славеа денеска против Ливерпул.
-
Шпанијапред 13 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 14 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 17 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 14 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 16 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Англијапред 15 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)