Поврзете се со нас

Англија

Жезус откри како бил расплакан од Гвардиола: Тогаш сфатив дека морам да си одам од Сити!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Габриел Жезус неколку сезони беше одличен „џокер“ во нападот на Манчестер Сити и постигнуваше многу важни голови, но сепак никогаш не уживаше целосна доверба од Пеп Гвардиола и на најважните натпревари не беше користен во нападот.

Гвардиола често знаеше да игра и без напаѓач и со „лажна деветка“, формација во која Бразилецот остануваше на клупата за резерви и носеше голема фрустрација кај него.

Токму поради замислите на Пеп, Жезус минатото лето направи трансфер во Арсенал, а сега од родниот Бразил открива кога точно сфатил дека веќе не смее да остане во тимот на Гвардиола.

– Станува збор за натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите во ноември 2021-ва година. Пеп го стави Зинченко пред мене како „лажна деветка“ и тоа беше лудост за мене. Претходниот ден не го ни искористи Зинченко на тренингот, а потоа го стави пред мене. Зинченко дури и се шегуваше со мене и велеше дека му е жал….

– Два часа пред натпреварите, имаме тимски собири, некои игрчаи јадат, а Пеп ни кажа кој тим ќе игра. Јас не се ни дојадов, отидов директно во мојата соба и се расплакав. И се јавив на мојата мајка и и кажав дека сакам да си одам од Сити. Стави лев бек како напаѓач пред мене, тоа ми изгледаше како лудост, – открива Жезус кој на споменатиот меч влезе како резерва и се погрижи за пресврт од 2:1 со гол и асистенција.

– Бев многу лут и не се ни загреав. Пет минути по голот на Мбапе за 1:0, Гвардиола ме повика. Дадов асистенција и постигнав гол, го свртевме мечот во наша корист. На следниот меч во Лигата на шампионите мислев дека ќе играм од старт, но не играв. Многупати ми се случи тоа со Пеп и не беше лесно за мене. Но, еден играч расте со вакви работи колку и да е тешко. Тогаш одлучив дека не сакам повеќе да останам во Сити, бев решен да си одам, – додава Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни