Поврзете се со нас

Англија

Жезус денеска ги минува лекарските прегледи, наскоро промоција во Арсенал

Објавено

на

Арсенал реши и успеа да го истурка до крај трансферот на Габриел Жезус и деновиве ќе го претстави Бразилецот како свој нов фудбалер.

Досегашниот член на Манчестер Сити денеска бил во Лондон за да ги мине лекарските прегледи, со што ќе биде елиминирана и последната пречка за неговиот трансфер во нов премиерлигашки клуб.

Сити ќе добие 45 милиони фунти за правата на Жезус, а бразилскиот напаѓач се надева дека ќе има поголема минутажа во Арсенал, отколку што би имал во Сити по трансферот на Ерлинг Халанд.

Арсенал претходно го обезбеди и Фабио Виеира од Порто, а е поврзуван и со трансфер на Рафиња од Лидс Јунајтед.

Жезус постигна 8 гола и имаше 9 асистенции последната сезона, а во дресот на Сити постигна вкупно 95 гола на 236 настапи од 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни