Поврзете се со нас

Шпанија

„Жежок“ состанок во Шпанија: Двата капитени на Валенсија понудени на Барселона!

Објавено

на

Шпанската спортска јавност со молњевита брзина ги пренесе сензационалните информации кои пристигнаа од Каталонија, а за кои пристигнаа и фото докази од страна на папараците.

Жоан Лапорта бил уловен на состанок со двајца претставници на Валенсија, односно претседателот Анил Марти и делегатот Џои Лим, кои пристигнале во Барселона со навистина интересна понуда за каталонскиот великан.

Имено, Валенсија која е во комплицирана финансиска ситуација е приморана да продава и ова лето по новата ужасна сезона без излез во Европа, па така претседателот ги понудил двајцата најдобри играчи на Барселона.

Станува збор за двата капитени на тимот, односно играчите кои се симбол за фановите на Валенсија во изминатите неколку години, Хосе Луис Гаја и Карлос Солер.

Шпанските репрезентативци имаат договори со Валенсија до 2023-та година, а бидејќи клубот нема средства да им ги продолжи, единствена шанса за заработка е претстојново лето. Марти ги понудил двајцата на Жоан Лапорта, но според информациите од Барселона, првиот човек побарал трпение за реализирање на зделките, бидејќи и Барселона во овој момент не знае со колку финансиски средства ќе располага во летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни