Жесус го бркаше Меси по теренот, па му измисли нов прекар со кој стана апсолутен хит во Шпанија (Видео)

jesus-bajito

Барселона професионално си ја одработи својата задача и со сигурни 2:0 го победи Спортинг Лисабон на вчерашниот меч во Лигата на шампионите, а наспроти случувањата за време на мечот, на медиумите во фокусот им се најде и една ситуација по крајот на истиот.

Лионел Меси вчера повторно доби шанса од клупата и го одигра последниот половина час од натпреварот на „Камп Ноу“, а по крајот на средбата, Аргентинецот беше една од главните мети на играчите на Спортинг, но и на нивниот тренер Жесус кој изрежира и една необична ситуација.

Португалскиот стручњак очигледно беше премногу самоуверен во својата блискост со Меси, па во ситуација кога Аргентинецот не му обрнуваше внимание, Жесус во неколку наврати го нарече Лео „bajito“ (термин кој се употребува за луѓе со низок раст).

Меси најпријателски го прифати сето ова, па својот разговор со Жесус на крајот го заврши и со прегратка.

Facebook Коментари