Поврзете се со нас

Франција

Жестоко „трето полувреме“ на дербито Монако-Лион, судијата додели три црвени картони (Видео)

Објавено

на

Монако и Лион одиграа уште едно неизвесно дерби со пресврти и многу голови, а овој пат Лион како гостин славеше со 2:3 и на тој начин му се приближи на еден бод на тимот од кнежевството во битката за третото место.

Француското дерби донесе почетна предност за домаќините, Лион направи пресврт со играч помалку, Монако во финишот израмни на 2:2, за Шерки во 89. минута да ги постави конечните 2:3.

Натпреварот за жал имаше и трето полувреме, откако по крајот дојде до дуел на неколку фудбалери, кој се прошири во голема мешаница и сигурно некој разменет удар.

Судијата Турпан поради инцидентот, им додели црвени картони на Де Шилјо од Лион и Пелегри и Жобелс од екипата на Монако.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни