Жестоки казни за „тепачите“ на турското фудбалско дерби

fener-galata3

Турската фудбалска федерација денеска ги објави казните за учесниците во тепачката која се случи по завршувањето на големото турско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче.

По последниот судиски свиреж настана хаос на теренот кој го иницираше Жаилсон од Фенербахче, а во тепачката учествуваа и клупите на двата тима.

Дисциплинската комисија одреди драстични казни по прегледувањето на видео снимките, а Галатасарај помина полошо откако сериозно се казнети и членовите на стручниот штаб. Фатих Терим е суспендиран на 7 натпревари поради однесувањето на теренот и дадените изјави подоцна, додека неговиот помошник Хасан Шаш е казнет на дури 8 натпревари, а од фудбалерите суспендирани се Донк (6), Ндиаје (5) и Родригез (4).

Во редовите на Фенербахче, Жаилсон е суспендиран на 8 натпревари, Солдадо доби 6 натпревари суспензија, додека македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас мина без никаква казна.

Facebook Коментари