Жестоката борба за титулата во екстремниот спуст на лизгалки се сели во Марсеј

marsej najava rbci

Светското првенство во екстремен спуст на лизгалки се враќа на брегот на Медитеранот по трките во замрзнатата Финска, па најдобрите светски лизгачи претстојниот викенд на 16 и 17 февруари ќе се борат за значајни поени во шампионатот. На последните шест трки запишани се шест различни победници на трките од Red Bull Crashed Ice, но борбата за титулата добива епски размери бидејќи со настанот во Марсеј започнува втората половина од сезоната. Австриецот Марко Далаго со 1.885 поени се држи на првото место, но неговата предност се топи бидејќи конкурентите Скот Кроксал од Канада со 1.600 поени и актуелниот бранител на трофејот, Американецот Камерон Неш со 1.100 поеени се најдоа на подиумот на минатонеделната трка од Купот на лизгачите одржана во Саариселка, Финска. Уште девет други лизгачи од шест земји теоретски можат да го стигнат Далаго во Марсеј, каде што се очекува бројот на кандидати за титулата да се сведе најмногу до бројот на прстите на една рака, бидејќи во моментот разликата од првиот до седмиот е помала од 1.000 поени, колку што носи победата во една трка.

– Нивото на натпреварување е навистина високо оваа сезона бидејќи секој од првите 10 на табелата може да стигне до титулата,- изјави спорсткиот директор на Red Bull Crashed Ice, Кристијан Папион. – Нема простор за грешки!

Камерон Неш победи во Марсеј пред една година и со нетрпение ја очекува трката на замрзнатата патека покрај Средоземното Море.

– Во Марсеј ќе дојдам „по крв“,- се закани Неш, кој мора да победи за да ја елиминира предноста на конкурентите пред да стане доцна.

Во првенството кај жените ситуацијата е сосема поинаква, па Американката Аманда Транзо може да стане светски првак уште во Марсеј, откако веќе победи на првите две трки кои се возеа во Сент Пол (САД) и Јиваскила (Финска). Транзо со 2.000 поени има конфорна предност во однос на Канаѓанките Миријам Трепание со 1.300 поени и Жаклин Лежер со 1.090 поени кои се на второто и третото место. И минатата година на средина од сезоната Транзо беше во водство, па сега се надева дека ќе и се реваншира на Лежер која со победата во Марсеј се врати на шампионската патека и ја освои втората титула едно по друго. Доколку Транзо победи, титулата ќе и биде загарантирана оваа сезона, но има шанси до истиот успех да стигне и само со пласман на подиумот, доколку нејзините конкурентки се најдат зад неа и останат на разлика поголема од 1.000 поени во пресрет на финалето во Канада.

Во меѓувреме, на календарот има и две трки од Купот на лизгачите, каде што победниците можат да освојат максимум 250 поени, па заедно со двете трки од Red Bull Crashed Ice, ситуацијата ветува драматичен финиш.

Во светското првенство за младинци, актуелниот првак Лахти од Финска ќе се обиде да ја продолжи својата победничка серија на шест трки, а со тоа да стигне и до титулата на една трка пред крајот на сезоната. Со 2.000 поени, Лахти и оваа година е незапирлив, а зад него се сонародниците Јесе Саурен со 1.300 поени и Јони Сааринен со 960 поени на второто и третото место.

Временските услови во Марсеј не можеа да бидат поразлични отколку што сега е контрастот меѓу Северна Финска и Јужна Франција, каде што оддалеченоста на двата града домаќини е околу 4.000 километри. Лизгачите во најбрзиот спорт на лизгалки ќе се натпреваруваат на совршен вештачки мраз за разлика од природните несовршености на замрзнатите патеки во Финска. Со предвидена температура до 10 степени Целзиусови, разликата ќе биде од 20 до 30 степени меѓу она што беше на претходната трка, која се одржа при претежно облачно време со темни облаци. Благодарение на високите технологии и системот за ладење, како и напредните материјали за изградба на патеката, трката во Марсеј ќе биде можна и покрај тоа што надворешната температура ќе биде многу над точката на смрзнување.

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:

Директен пренос од трките во Марсеј ќе можете да следите преку веб страната www.redbullcrashedice.com како и преку Red Bull TV на 17 февруари во 20.45 часот по средноевропско време.

Facebook Коментари