Англија
Жестока казна: Премиер лигата му одзема 10 бода на Евертон

Независната комисија утврдила дека Евертон ги прекршил правилата на финансискиот фер плеј и веднаш ќе му бидат одземени 10 бодови на табелата во англиската Премиер лига.
Денешната одлука е голем шок за клубот од Ливерпул, кој и сезонава ќе се бори за опстанок, а сега ќе остане на само четири бода на табелата.
Премиер лигата ја префрли одлуката на независна комисија, а Евертон ја процени одлуката како „шокантна, разочарувачка и неправедна“, најавувајќи жалба.
Ова е трет случај во Премиер лигата да му бидат одземени бодови на клуб, претходно тоа се случи со Мидлзброу во сезоната 1996/97 и со Портсмут кој банкротираше во 2010 година.
Без денешната казна, Евертон со 14 бодови делуваше во комфорна зона и далеку од последната тројка, која започнува со Шефилд Јунајтед, екипа која има освоено 5 бода. Евертон сега има бодови колку Барнли на делба на фенерџиската улога.
-
Македонијапред 20 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 19 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 12 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 22 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата
-
Светпред 11 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)