Поврзете се со нас

Англија

Жестока анализа: Анри објасни зошто Арсенал не е на вистинскиот пат со Артета!

Објавено

на

Тјери Анри е огромен фан на Арсенал и се обидува да ги гледа сите натпревари кои ги игра неговиот омилен клуб во Премиер лигата, па така било и пред десетина дена кога „топчиите“ го одиграа својот последен меч во домашното првенство.

Арсенал може да биде среќен што извлече реми на гостувањето кај Брајтон со разочарувачки 0:0, бидејќи домашниот тим беше оној кој создаваше притисок и креираше шанси, а не постигна гол само благодарение на извонредната претстава на голманот Рамздејл.

Токму натпреварот против Брајтон е добар доказ за Анри дека тимот на Артета не е на вистинскиот пат во овој момент, без оглед на тоа што претходно врза три победа во низа во Премиер лигата, вклучувајќи ја и онаа над Тотенхем во големото дерби.

– Не сум сигурен дека Арсенал е на вистинскиот пат во овој момент. Го гледав мечот против Брајтон, не знал колкумина го гледаа убаво, – започнува Анри во изјавата за „Прајм Видео“ и додава.

– Претходно гледав како го победивме Норич, како го победивме Барнли и како го победивме Тотенхем. Тотенхем секогаш го победуваме дома. Бев навистина среќен кога го победивме Тотенхем бидејќи врзавме добра серија, но она што го чекав беа добри перформанси на гостински терен и против тим кој има добар проток на топката. Со Брајтон страдав цел меч. Со нетрпение го чекав мечот со Брајтон, чекав да видиме како ќе одговориме на пас игра.

– Не ми се допадна тоа што го видов. Дури и кога губевме во првите години без мене во тимот, се велеше дека Арсенал нема план Б и само ја додава топката. Сега не гледав дека Арсенал ја диктира играта со пасови, тоа го правеше Брајтон и навистина е загрижувачки, – заклучува Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни