Жесток финиш: Шампионските наслови во екстремен спуст на лизгалки ги предизвикуваат кандидатите на нов дуел во Канада

Photographer Credit:
Andreas Langreiter / Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Andreas Langreiter / Red Bull Content Pool

Тројца мажи и две жени ќе се борат за шампионските наслови за сезоната 2017/2018 на светското првенство во екстремен спуст на лизгалки во големото финале на блескавата сезона – трката на Red Bull Crashed Ice која викендов ќе се одржи во Едмонтон, Канада. И во машкиот и во женскиот шампионат се уште е неизвесно кој ќе ја освои титулата во најбрзиот спорт на лизгалки и по деветте трки одржани во седум земји во последните три месеци.

Канаѓанецот Скот Кроксал и Аманда Транзо од САД имаат мало водство како водечки на табелата кај мажите и жените. Но, двократниот шампион Камерон Наш од САД и Жаклин Лежер од Канда се блиску зад нив и се уште имаат шанси да направат пресврт со победа, а во случајот на Лежер би и требало само малку среќа на патеката во Едмонтон која е полна со предизвици. Австриецот Марко Далаго исто така е се уште во игра во машкото првенство, бидејќи е на третото место зад Кроксал и Наш и би можел под одредени услови, исто така да ја освои титулата овој викенд.

Скот Кроксал, кој победи во светскиот шампионат во 2015 година, може да ја освои својата втора титула само ако победи, додека Наш, шампионот од сезоните 2015/16 и 2016/17, исто така може да си оди дома со титула доколку триумфира во Едмонтон. Ова е трета сезона по ред во која двајцата најголеми ривали влегуваат во финалната трка со шанси за освојување на шампионатот. Кај Наш исто така моментумот и историјата се на негова страна. Американецот освен што победи во последната трка од Red Bull Crashed Ice во Марсеј, го освои и второ место на последните две учества од „Купот на лизгачите“. Дополнително, вреди да се потсетиме дека тој победи на финалините трки во последните три сезони: во 2015 во Едмонтон, во 2016 во Сент Пол и во 2017 во Отава, Канада.

Ова беше уште една исклучителна сезона во екстремниот спуст на лизгалки, спорт во кој спортистите се натпреваруваат по специјално изградени патеки од мраз, со пречки како скокови, нагорнини и остри вртења со брзини до 80 километри на час, додека се обидуваат да се изборат за позиција меѓу двајцата најбрзи тркачи во натпреварувањето меѓу четворица за да влезат во следниот круг. Во претходните девет трки имаше осум различни победници, а само Неш успеа да победи повеќе од еднаш, и тоа на трката од во Red Bull Crashed Ice во Марсеј, Франција, како и на една во „Купот на лизгачите“ во Ваграин-Клајнарл, во Австрија. Меѓу другите победници во сезоната се вброија: Дерек Веџ (Швајцарија), Марко Далаго (Австрија), Патрик Мерц (Швајцарија), Лука Далаго (Австрија), Максвел Дан (САД), Скот Кроксал (Канада), Кајл Кроксал (Канада).

Ова беше важна сезона на враќање на европските тркачи, кои работеа особено напорно надвор од сезоната и досега победија во четири од девет трки, откако гледавме доминација на Северноамериканците во последните две години – кои триумфираа во сите трки со најмногу поени од Red Bull Crashed Ice од 2014 година наваму. Марко Далаго и Лука Далаго освоија две од првите три трки од Red Bull Crashed Ice оваа сеозна, пред Наш да го спаси угледот на Северна Америка и да победи во третата трка, освојувајќи 1000 поени за неговите напори во Марсеј.

Транзо беше доминантата сила во женското натпреварување оваа сезона, со две победи, додека Лежер е движечката сила која влезе во финалето откако победи на трката во Марсеј. На Транзо која во Марсеј заврши на второто место со мала разлика зад Лежер, има полесен пристап до нејзината прва шампионска титула. Според најверојатното сценарио, нејзе и треба само да заврши осма или на повисоко место во Едмонтон за да ја осигура титулата, додека Лежер треба да победи и да се надева дека Транзо нема да влезе во полуфиналето.

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:

Директен пренос од трките во Едмонтон ќе можете да следите преку веб страната www.redbullcrashedice.com како и преку RedBullTV на 11 март во во 4 часот изутрина по средноевропско време. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv

Facebook Коментари