Поврзете се со нас

Европски првенства

Женското европско првенство остана без една од најголемите ѕвезди

Објавено

на

Фото: twitter.com/SEFutbol

Претстојното Европско фудбалско првенство во женска конкуренција летово ќе биде најинтересен настан под покровителство на УЕФА, а за жал на него нема да ја гледаме една од најголемите ѕвезди на денешницата.

Шпанската репрезентативка Алексиja Путелјас заработила потешка повреда на лигаментите на коленото и оди на долга принудна пауза, со што нема да може да настапува и на ЕП.

Путелјас е прва ѕвезда на Барселона, екипата која го освои шпанското првенство и играше во финалето на Лигата на шампионите, а е и капитен на „црвената фурија“.

За тоа без каква фудбалерка остана Шпанија говори и фактот што токму Путелјас ја освои последната „Златна топка“, а и најпрестижната награда на ФИФА.

Шпанија е меѓу фаворитите на ЕП кое започнува вечерва во Англија, a е во група со Финска, Данска и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни