Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Женскиот тим на Барселона со лекција за Челси до прва европска титула

Објавено

на

Фудбалерките на Барселона издоминираа против Челси (4:0) во финалето на женската Лига на шампиони и ја освоија првата европска титула во клупската историја.

Шпанскиот претставник имаше фуриозен старт, уште во првата минута поведе со автоголот на Луполц, во 16. минута веќе беше 2:0 со голот на Путелјас, а до крајот на полувремето Барселона водеше со 4:0.

Бонмати и Хансен постигнаа по еден гол за преубедливата предност, која Барселона ја задржа до крајот на натпреварот и ги израдува своите фанови.

Одбраната на Барселона сезонава дозволи само пет примени погодоци на 26 натпревари во домашното првенство, па не е изненадување што вечерва не дозволи Челси ни да ја намали негативата.

Шпанскиот тим ја освои првата титула во второто финале, а најтрофеен клуб во женската Лига на шампиони е Лион со седум европски круни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни