Репрезентација
Женската репрезентација поведе во Луксембург, но претрпе нов пораз во квалификациите

Четири дена по високиот пораз од Англија изразен со резултат 10:0, македонската женска фудбалска репрезентација се покажа во далеку посолидно светло, но тоа не беше доволно барем за реми на гостувањето во Луксембург.
Македонската женска селекција поведе во првата минута со голот на Гентијана Рочи и тоа беше добар потстрек за добра претстава, но сепак овој гол не ги промени нашиот бодовен статус, а ниту позицијата на табелата.
Луксембург направи пресврт до полувремето со двата гола на Томпсон, а бидејќи во второто полувреме не се менуваше резултатот, трите бода им припаднаа на домаќините кои се една позиција пред нас на табелата.
Македонија останува со една победа и денеска го претрпе седмиот пораз во квалификациите за Светското првенство наредната година, биланс кој ќе може да го подобри во месец септември.
Во преостанатите две кола, играме против апсолутиниот аутсајдер Летонија кој е последен на табелата, како и против Австрија, тим со кој ќе ги завршиме квалификациите.
-
Англијапред 21 час
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 14 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 19 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Македонијапред 12 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Шпанијапред 18 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 22 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 21 час
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 14 часа
Пиоли откри дека ги мотивирал играчите на Милан со легендарна изјава на Коби Брајант