Поврзете се со нас

Свет

Жената-стјуард која доби нокаут од Роналдо: До вторникот не сакав да слушнам за него, но…..

Објавено

на

Мариса Нобиле е родена Бразилка која со години живее во Швајцарија, а како жена која често знае да се грижи за обезбедувањето на најважните фудбалски натпревари кои се играат на стадионите, пред два дена стана главна ѕвезда во Берн.

Жената-стјуард беше погодена со топка од Кристијано Роналдо за време на загревањето и доби нокаут кој беше снимен од фановите, но целата оваа приказна беше навистина позитивна бидејќи заврши со симпатична сцена и извинување од ѕвездата на Јунајтед.

Роналдо и го подари својот дрес во знак на извинување и Мариса позираше со истиот уште на теренот, но со оглед на тоа што доби планетарна популарност, беше контактирана од бразилските медиуми и откри дека таа имала една непријатна историја со Португалецот уште пред седум години.

Нобиле обелоденува дека влегла во расправија со Роналдо по натпреварот меѓу Базел и Реал Мадрид во 2014-та година, од едноставна причина што Кристијано со својата рутина не им дозволувал на вработените да си одат дома. По средбата, Кристијано излегол на теренот за да одработи тренинг, нешто што не и се допаднало на Бразилката која до вторникот чувствувала презир кон Португалецот.

– Се сеќавам дека тогаш си разменивме неубави зборови, иако не знам кој беше во право. Мечот беше завршен, а тој правеше сите останати да останат на теренот поради него. Му реков дека ова е Швајцарија и дека не може да биде се по негово, а тој со зборови ме прати на место кадешто не треба.

– Тогаш си помислив дека тој е многу безобразен и вообразен човек. До вторникот, не сакав да слушнам ништо за Кристијано. Но, сега сфатив дека тој е сосема друга и пријатна личност, – вели Бразилката во разговорот за бразилски „Глобо“.

Роналдо нокаутираше жена-стјуард, па и го подари својот дрес (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни